Панорамско
снимање на заби
Панорамско снимање на заби (панорама на заби) е дводимензионално смимање на целата усна празнина со само една снимка. На панорамската снимка се опфатени сите заби, горната и долната вилица, темпоро-мандибуларниот зглоб, како и околните ткива и структури.
Панорамска
снимка
Панорамските снимки се неинвазивни медицински дијагностички методи, со чија помош прецизно се поставува одредена дијагноза. Панорамското снимање на заби претставува еден од најстарите и најкористените методи за дијагноза на орални болести.
Панорамското снимање на заби се користи за дијагностика на:
- кариес помеѓу два заби, како и секундарен кариес – под постоечки пломби
- пародонтална болест и коскени џебови
- соодносот на одредени заби со максиларниот синус
- импактирани заби (заби заглавени во вилицата, најчесто умници)
- поставеноста на младите трајни заби во вилиците
- бројот на корени и коренски канали, нивната поставеност
- цисти во оралната регија, периапикални процеси итн.
Кога треба да се направи панорамска снимка?
Губитокот на сите или речиси сите заби во устата може негативно да влијае на самодовербата и психичката состојба на една личност. Во нашата стоматолошка ординација ќе ви помогнеме да ја вратите вашата самодоверба и убавината на вашата насмевка.
Колкаво е зрачењето при панорамско снимање на заби?
Зрачењето при панорамско снимање на заби е многу мало во споредба со секојдневното зрачење на кое сме изложени без наш избор – зрачење од земјата, сонцето, радиоакивни елементи од природата итн.
Вкупното зрачење од една панорамска снимка е помало од зрачењето од природата што го примаме во текот на еден ден.
Зрачењето при панорамско снимање на заби е минимално и е прилагодливо според возраста на пациентот,поради што е безбедно и за деца.
Колку време трае панорамското снимање на заби?
Панорамското снимање на заби трае помалку од 1 минута и снимката ја добивате веднаш. Не е потребно претходно закажување.