info@drnina.mk+389 (0)70/344-061

Нашата ординација

Ординацијата Д-р Нина се наоѓа позади Capitol Mall, во близина на поранешна слаткарница Стела. Основана е во 2003 година и се простира на површина од 150 метри квадратни.

Ординацијата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување.
Уште при влезот во нашата ординација ќе забележите дека ние се грижиме за сите детали поврзани со вашето орално здравје, но и Вашата сигурност и безбедност. Ќе ве пречекаат насмеани и пријателски лица кои се воедно и големи професионалци и постојано се надоградуваат во областа на стоматологијата, се со цел да ви пружат највисоко ниво на орална заштита.

Нашата ординација е опремена со најсовремена апаратура и користи најнови технологии во вашата терапија, а исто толку внимание посветуваме и на дезинфекцијата и стерилизацијата на инструментите и просториите бидејќи Вашата безбедност и удобност се наш приоритет.

Д-р Нина Митева

Специјалист ортодонт

Д-р Нина има холистички пристап кон своите пациенти и не се задржува само на лечење на состојбите во усната празнина, туку напротив, укажува и на постоење на други здравствени проблеми кои се дел од општото здравје на пациентите. Со самото тоа се фокусира на секој дел од здравјето на пациентите, поврзувајќи го оралното  со општото здравје. Посебен интерес и стучна експертиза во полињата на ортодонцијата, миофункционална терапија, протетиката и естетската стоматологија. Во слободното време ужива да патува и да готви егзотични и вкусни специјалитети, кои ги споделува со своето семејство и пријателите.

Д-р Нина има завршено во Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, Скопје во 2001 година. По стручното усовршување заминала во општа пракса стекнувајќи знаења од сите сфери на стоматологијата. Таа е сопственик на Стоматолошката ординација „Д-р Нина“ од 2002 година. Ординацијата премина голема модернизација со акцент на употребата на современи стоматолошки техники. Нејзините интереси вклучуваат ортодонција, естетска стоматологија и холистички пристап кон пациентот. Таа е сертифициран ортодонт, миофункционален терапевт и лидер на мислење за Ivoclar Vivadent. Низ годините, д-р Нина присуствуваше на светски стоматолошки конференции и е во тек со современите достигнувања во стоматолошките процедури. Таа е иницијатор на долгорочен проект за Светскиот ден на оралното здравје за ширење на свеста за важноста на оралната хигиена кај учениците од сите возрасти низ Македонија.

Д-р

Наташа Стефковска

Доктор по дентална медицина

Особен интерес во полето на естетската стоматологија и детската стоматологија. Слободното време го поминува во кругот на најблиските и пријателите, но воедно ужива и во гледањето серии со медицинска тематика.

Родена е во Скопје, 1989 година. Средното образование го завршува во средното медицинско училиште во Скопје “Д-р. Панче Караѓозов”, отсек забен техничар.  Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје, 2012 година.

Работи како доктор по општа стоматологија

Во текот на својата работа има посетувано бројни курсеви и симпозиуми од областа на високо естетски протетски реставрации и ламинати како „Директни композитни реставрации во естетската хирургија“, „Интердисциплинарен пристап на современата детска стоматологија“, „Современи трендови во протетичките реконструкции“ и низа други. 

Д-р

Елеонора Попоска

Доктор по дентална медицина

Посебен интерес во полето на ендодонцијата и лекување на коренските канали. Кога не е во ординацијата, сака да поминува време со своето семејство.

Родена е во Прилеп, 1985 година. Средното образование го заврши во Прилеп, во СОУ ”Мирче Ацев”. Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје, 2010 година. Активно е вклучена во стоматолошката практика од 2011 год. Во текот на својата работа има посетувано бројни курсеви и симпозиуми , со цел подобрување на целокупното професионално знаење.

Д-р

Слаѓана Спасовска

Доктор по дентална медицина

Особен интерес покажува во полето на оралната хирургија и имплантологија. Слободното време го посветува на читање книги и возење велосипед.

Родена е во Крива Паланка, 1991 година. Средното образование го заврши во  родното место, во СОУ “Ѓорче Петров”.  Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје, 2015 година. Своето стекнато знаење континуирано го надополнува со присуство на повеќе конгреси  и симпозиуми со домашно и меѓународно учество, се со цел да се обезбеди првокласна грижа за пациентите. 

Д-р

Калина Тодоровска Ѓорѓиев

Доктор по дентална медицина

Посебен интерес покажува во полињата на естетска и реставративна стоматологија. Слободното време го поминува читајќи,сликајќи или во друштво на семејството и пријателите.

Родена е во Скопје, 1989 година. Средното образование го завршува во средното медицинско училиште во Скопје “Д-р. Панче Караѓозов”, отсек забен техничар.  Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје, 2012 година.

Работи како доктор по општа стоматологија

Во текот на својата работа има посетувано бројни курсеви и симпозиуми од областа на високо естетски протетски реставрации и ламинати како „Директни композитни реставрации во естетската хирургија“, „Интердисциплинарен пристап на современата детска стоматологија“, „Современи трендови во протетичките реконструкции“ и низа други. 

Тим стоматолошки асистенти