info@drnina.mk+389 (0)70/344-061

Белење на заби

Бојата на забите влијае на целокупниот изглед на вашата насмевка на брз и едноставен начин. Со само неколку посети на стоматолог, вие ќе имате блескаво бела насмевка која што ќе ја зголеми вашата самодоверба.

Зашто треба да ги избелите вашите заби?

 Како што минува времето, нашите заби најчесто ја менуваат својата боја, потемнуваат и добиваат жолтеникава боја. Во потемнувањето на забите улога има и храната која ја конзумираме, односно одреден тип на храна и пијалоци може да ја променат бојата на забната глеѓ. Освен  храната, цигарите доведуваат до промена на на бојата на забите. Откажување од навиката на пушење цигари, избегнување на чај, кафе, вино и други пијалоци може да го забави овој процес, но не може да се отстранат веќе постоечките пигменти и дамки. Со помош на професионалното избелување на забите, ќе ви ги отстраниме старите дамки и ќе ја освежиме вашата насмевка. Во “ПЗУ Др.Нина” ќе ви подариме прекрасна блескава насмевка, која ќе бидете горди да ја покажувате.

Пациентите најчесто се одлучуваат за избелување на забите пред некој голем настан во нивниот живот, свадба, важно интервју за работа итн.

Но, популарноста на избелување на заби е зголемена во тек на изминатите години, па пациентите се почесто сакаат да ги избелат своите заби за да го подобрат својот изглед, а со тоа и својата самодоверба. Избелувањето на заби исто така може да биде одличен начин да ја покажете вашата насмевка после ортодонтски тертман.