info@drnina.mk+389 (0)70/344-061

Пародонтологија

Некои пациенти може да бидат без никакви симптоми на пародонална болест, се додека не се појави видливо оштетување, повлекување на гингивата и оштетување на алвеоларната коска. Затоа, редовни контроли на стоматолог се неопходни.

Пародонтологија

Милиони луѓе во денешно време срадаат од пародонтална болест (пародонтопатија). Меѓу пациентите кои се засегнати од ова заболување се и оние кои редовно одржуваат орална хигиена. Ова претставува прогресивна болест за која нема лек и со нејзиното напредување може да доведе до проблеми и компликации како што се: крварење од гингивата, непријатен здив, расклатување и губење на заби. Но, со употреба на специјални инструменти, апарати и локални медикаменти, оваа болест може да се стопира и да се одржува во еден стадиум на мирување.

Како да знам дека имам пародонтална болест?

Речиси секоја пародонална болест започнува со воспаление на гингивата – гингивит. Знаци за гингивална болест се црвена, отечена и гингива која крвари.

Како што напредува пародонтопатијата, се појавуваат и други симптоми, како што се: расклатени заби, повлекување на гингиваа, осетливост, губење на алвеоларна коска, што резултира со губење на заби.

Терапија на пародонтална болест?

Ласерска обработка на пародонталните џебови која допринесува за уништување на бактериите присутни во пародонталните џебови и дополнително помага за обновување на ткивата афектирани од оваа болест.

Локална апликација на лекови во самите џебови, која е докажано дека дејствува на патогените бактерии присутни во џебовите. Може да се постават како медикаменти со локално дејство: антибиотски гелови и хијалуронска киселина.  Сликите нека останат исти.

Во ПЗУ “Др.Нина”, наша цел е пациентите да добијат помалку болен и ефективен третман. Во зависност од стадиумот на болеста,терапијата е различна.

  • Чистење на забен камен
  • Обработка на пародонтални џебови

Целта на овие методи е да се исчистат пародонталните џебови, да се отстрани забниот камен и забниот плак, со што забните површини ќе бидат мазни и ќе се намали понатамошно наталожување на забен плак и забен камен. 

Ласерски третмани

Ласерот е инструмент кој произведува многу тенок, интензивен зрак на светлосна енергија. Кога ласерски зрак доаѓа во допир со ткиво предизвикува реакција. Ласерскиот зрак може да отстрани или да обликува ткиво. Ласерите може да се користат за безбеден и ефективен третман за голем спектар на стоматолошки процедури и најчесто се користи во комбинација со други инструменти.