info@drnina.mk+389 (0)70/344-061

Ортодонција

Доколку имате искривувања на забите, проблеми со загризот и постaвеноста на вилиците, вие сте кандидат за ортодонтска терапија. Во нашата ординација се поставуваат различни видови на апарати со кои се стремиме кон врвна естетика и функција, се со цел да се добие хармонична целина како краен резултат.

Фиксни апарати

Со поставувањето на фиксните апарати се аплицираат сили со помош на со кои се корегира поставеноста на забите и вилците. Редовните контроли и одржување на соодветна орална хигиена се клучни во овој процес. Добро е да напоменеме дека ортодонцијата повеќе не е резервирана исклучиво за најмладите. Новите сознанија велат дека и на позрела возраст ортодонтската терапија дава задоволителни резултати.

Мобилни апарати

Кај децата често пати може да се одлучиме за поставување на мобилна апарати кои ја имаат истата фукнција-корекција на положбата на забите, вилиците и загизот. Тоа е терапија која може да и претходи на фиксната или пак да е засебна и да се заврши со добивањето на крајниот резултат-убави и прави заби кои придонесуваат за блескава насмевка.

Миофункционални апарати

Направени од посебен, мек материјал, наменети за нашите млади пациенти, дејствуваат на корекција на постоечките аномаллии, а воедно го продолжуваат растот и развојот на забите и вилиците во правилна насока и ги корегираат штетните навики.

Invisalign

Невидливи, проѕирни алајнери кои се лесно прифатлива од нашите пациенти. Тенките фолии интимно налегнуваат на вашите заби и со умерени сили дејствуваат за нивно исправување и доведување до правилната положба во забниот низ.