info@drnina.mk+389 (0)70/344-061

Естетска
стоматологија

Денес многу луѓе се повеќе се заинтересирани за естетската стоматологија, како начин за подобрување на нивниот изглед. Овие третмани опфаќаат исправување, избелување, преструктуирање и поправка заби. Козметички третмани вклучуваат фасети (ламинати), коронки, мостови, естетски пломби и избелување на забите.

Што се фасети ? (ламинати)

Фасетите, односно ламинатите се тенки парчиња порцелан. Тие се прецизно изработени и како тенка лушпа ја покриваат површината на забот.

Порцелански фасети се користат:

– за да се прекријат површините на пребоени заби кој не можат да се избелат
– за корекција на формата и/или должината на забите, кај пациенти кои не се задоволни од изгледот на своите заби;
– за подобрување на изгледот на оштетeни заби (од кариес) или скршени заби (траума).

Дали можам да ги избелам моите
заби

Избелувањето на забите е многу ефикасно доколку сакате да ја осветлите природната боја на вашите заби. Во зависност од вашата желба, забите може да се избелат за една или повеќе нијанси.

Мојот заб е скршен, што да правам?

Доколку забот е скршен, или поголем дел од забот е пломбиран, се репорачува да се направи коронка на забот, која како навлака налегнува врз вашиот природен заб, со што се враќа функцијата на оштетениот заб, како  и естетиката.

Бели естетски пломби

Повеќе од 150 години за пломбирање се користел сребрено-сив материјал наречен “амалгам”. Амалгамските пломби се сметале за едни од најцврстите материјали за пломбирање со најголема трајност.  Но, со текот на времето на многу луѓе им сметала различната -сива боја, како и фактот што претставуваат потенцијален ризик за здравјето.

Белите микро-хибридни и нано-хибридни композитни материјали се популарна и идеална замена за старите амалгамски пломби. Овие нови материјали  со својот избор на бои свршено се вклопуваат во секоја боја на заби. Во многу случаи е невозможно да се забележи дека забот има пломба.