info@drnina.mk +389 (0)70/344-061
датум
Безболен пародонтален третман со Vector® Paro

Соничните и ултрасонините инструменти се веќе етаблирани како подобри од рачните инструменти во пародонтологијата. Во нашата ординација работиме со Vector Paro апаратот, кој се користи за отстранување на субгингивални конкременти и биофилм. По чистењето остануваат мазни и чисти површини на коренот и забот, кои ја отежнуваат понатамошната колонизација на бактерии. Се употребува со специјална суспензија која исто така помага во заздравување на пародонталните структури. Воедно ја намалува хиперсензитивноста на забите по третман. Се користи и кај третман околу импланти. Исклучително важно е да се одржува здраво пери-имплантното ткиво, затоа што ако се јави воспаление во тој дел, може да резултира со загуба на имплантот. Ризикот за траума на коренот или мекото ткиво е сведен на минимум и со тоа е овозможен ефикасен и безболен третман, кој дава одлични резултати кај нашите пациенти.

Повеќе
артикли