info@drnina.mk+389 (0)70/344-061
датум
Влијанието на крајниците врз развојот на вилиците, лицето и мозокот

Развојот на детскиот мозок зависи од квалитетниот сон. Кога има обструкции на дишните патишта во тек на спиењето, страда и мозокот на детето. Една од причините за обструкција на дишните патипшта се зголемените и воспалени крајници. Што се крајници? Тие се мали жлезди сместени на двете страни од задниот дел на грлото. Тие се дел од имуниот систем и се борат против причинителите на инфекции во грлото (бактерии и вируси). Зголемените крајници може да го намалат волуменот кој едно дете или возрасен го имаат во дишните патишта и ја зголемуваат шансата за дишење преку уста.

Наједноставен начин за класификација на крајниците е:

0-Крајниците се извадени

1-Крајниците се одвај видливи

2- Крајниците се нормални

3- Крајниците се големи и ја допираат увулата (ресичката во средина на грлото)

4-Крајниците се многу зголемени,  ја преклопуваат увулата и се допираат еден со друг

Зголемени крајници може да се константен проблем или пак  привремен резултат на инфекција. Крајниците се дел од имуниот систем, па поради тоа се зголемуваат кога телото се бори против инфекции. Дете кое навечер крчи или има воспалени и зголемени крајници треба да се прегледа од специјалист по уво, нос и грло. Ако детето добиваа чести инфекции или пак крчи во тек на ноќта, хирургот може да одлучи дека е време за вадење на крајниците. Кога станува збор за причините, освен инфекциите, дефицит на витамин Д може да ги зголеми крајниците поради неадекватна регулација на имуиот систем. Затоа се препорачува внесот на овој витамин како и на сите останати да биде соодветен за потребите на едно дете.

Повеќе
артикли