info@drnina.mk+389 (0)70/344-061
датум
Орална хигиена за време на ортодонтски третман

Орална хигиена е важна во сите периоди од животот и забите треба да се четкаат најмалку два пати во тек на денот за да се отстранат наслагите, но кога носите ортодонтски апарати , четкањето треба да биде уште почесто и потемелно. Има естетски и медицински причини зошто треба да се внимава на хигиената на забите и гингивата додека носите протези. Можеби треба повеќе време  за да се одржи хигиената додека носите протези, но тој дополнителен напор вреди бидејќи кога ќе го завршите третманот, ќе имате прекрасна, здрава насмевка. Со самото ова се подобрува здивот,се спречува развој на кариес и пародонтална болест.

Пред да го започнете третманот, вашиот ортодонт ќе ве прегледа и ќе заклучи дека сте кандидат за ортодонтска терапија само доколку немате активна  инфекција во устата. Ако се развие инфекција во тек на треманот, ортодонтот може да одлучи дури и да го запре третманот додека не се излечи инфекцијата бидејќи поместувањето на забите во такви услови претставува опасност по здравјето и забите.

Кога носите протези, забите треба да ги четкате  по секое главно јадење и пред спиење. Кога не сте во можност да ги исчеткате забите, исплакнете со вода за да се отстранат сите остатоци од храна. Користете интердентални четки за нега на просторите меѓу забите и гингивата.

Рутина на одржување хигиена објаснета чекор по чекор

  1. По завршувањето на оброкот, исчеткајте ги забите со специјална ортодонтска четка со меки влакна и паста богата со флуориди. Започнете од горните заби, под агол од 45 степени кон горниот дел на брекетите. Со мали кружни движења движете ја четката на горната половина од забите. Ова помага во чистење на забите, жицата и брекетите. Четкајте ги и внатрешните делови на горните заби и површините со кои џвакате. Повторете на долните заби.
  2. Користете интердентални четки за да исчистите околу брекетите и меѓу забите. Ова е полесно и поефикасно отколку користењето на конец. Вметнете ја интеденталната четка во просторот помеѓу два заба и потоа извлечете ја. Повторете го тоа меѓу сите заби во горната и долната вилица. Внетнете ја четкичката покрај брекетите од едната и другата страна и на тој начин ќе ги исчистите брекетите и жицата.
  3. Користете восок на местата на кои брекетите или жицата ви прават ранички на слузницата. Со чисти раце земете парче од восокот и направете топче големо колку зрно грашок. Притиснете го на делот на брекетите или жицата кој ви создава проблем.
  4. Избегнувајте грицкање меѓу оброците. Ако одлучите да јадете нешто меѓу главните оброци, тоа нека бидат здрави ужинки.
  5. Менувајте ја вашата четка за заби на 3 месеци или кога влакната ќе се деформираат.
  6. Доаѓајте редовно на вашите ортодонтски контроли и придржувајте се на препораките за професионално чистење на забен камен и плак на секои 6 месеци.\

Повеќе
артикли