info@drnina.mk +389 (0)70/344-061
датум
Миофункционална ортодонција

Се поголем број на деца развиваат малоклузии (лошо оформени вилици и неправилен загриз), кои влијаат не само на хармонијата на лицето, туку влијаат негативно и на дишењето. Повеќе од половина од децата развиваат малоклузии уште пред да тргнат во градинка, најчесто поради мускулни навики создадени во раното детство.

Како родителите може да забележат дека постои проблем?

  1. Неправилна поставеност на забите: Дали вашето дете дише на нос или уста? Дали вообичаено неговата уста е затворена или отворена? Правилно дишење на нос со затворена уста е императив за правилен раст и развој на детето. Кога минува низ носот, воздухот се филтрира и ја зголемува моќта на телото да го апсорбира кислородот и го поттикнува правилниот развој на дишните патишта.
  2. Раст на вилиците: Дали вашето дете има длабок, отворен или вкрстен загриз? Начинот на дишење и голтање има влијание на овие малоклузии.
  3. Голтање: Кога вашето дете голта, дали усните се движат и брадата се набира?

Што е миофункционална терапија?

Оваа терапија е како физикална терапија за вашето лице. Мускулите во нашите лица се многу силни и можат да аплицираат стотици грама сили на коските и забите во нашите вилици. Потребна е минимална сила за да се помести еден заб (околу 2 грама). Затоа кога овие сили дејствуваат во погрешен правец, можат да придонесат за погрешен развој на вилицата, загризот и дишните патишта. Миофункционалната терапија проучува и корегира како овие мускули влијаат на дишење, голтање, јадење, зборување и изглед на лицето.

Што треба да запомнат родителите?

Правилниот раст и развој на вашето дете е клучен фактор за нивното здравје. До возраст од 4 години, 40% од лицето е развиено, а до возраст од 7 години, 70% од лицето е развиено. Ова значи дека до првиот училишен ден, 3 од 4 деца ќе имаат неправилен развој на лицето и вилиците. Ова може да влијае на дишењето и скелетот и може да создава проблеми во текот на целиот живот.

Кои се симптомите на миофункционални неправилности ?

  1. Дишење на уста
  2. Цицање на прст или цуцла
  3. Грицкање на образите или усните
  4. Движење на устата и брадата при голтање
  5. Често гушење и нагони на повраќање
  6. Проблеми со говорот
  7. Стискање со забите
  8. Тискање на јазикот
  9. Крчење при спиење
  10. Длабок загриз
  11. Вкрстен загриз

Миофункционален апарат наспроти традиционален ортодонтски апарат

Овие два начини на третман имаат два многу различни цели на треманот. Традиционалниот третман е наменет за да ги поместува и движи забите, а не се насочува кон главните причини на искривувањето на забите и без носење на ретејнер забите повторно ќе се вратат во нивната првобитна положба. Миофункционалната терапија овозможува адресрање на погрешните муслулни навики и причините за искривените заби и користи благи наизменични сили за да ги намести забите.

Бенефити од миофункционалните апарати

  1. Го учи детето на правилно дишење
  2. Користи благи сили за природно да ги намести забите
  3. Не е фиксен апарат и не се носи постојано
  4. Намален ризик од кариес додека трае третманот
  5. Нема рестрикции во исхраната, како кај фиксните протези
  6. Правилен развој на дишните патишта

Како функционира миофункционалнот апарат?

Серија од мобилни трејнери се носат 1 -2 часа дневно и на спиење. Кога секојдневно се комбинирани со вежби за јазикот и лицето, се обновува меморијата на лицевите и виличните мускули и се корегираат лошите навики. Миобрејс трејнерот ги користи ресурсите на самиот организам и правилно ги развива вилиците за да се отворат дишните патишта и да се придвижат забите во нивната правилна поставеност.

На која возраст да се започне?

Повеќето од децата почнуваат третман помеѓу 5 и 15 годишна возраст, но за разлика од традиционалните протези, овој трејнер систем може да се користи и кај деца од 3 годишна возраст па нагоре. Апаратите се безбедни, биокомпатибилни и направени од медицински силикон.

Моето дете веќе носи протези, дали може дополнително да носи миофункционален апарат?

Апсолутно! Брекетите помагаат при придвижување на забите, но не ги корегираат лошите навики. Миофункционалниот апарат може да се постави врз брекетите за да помогне во поправка на положбата на јазикот, усните и образите. Се покажало дека го забрзува ортодонтскиот третман и формира стабилен загриз без употреба на ретејнер.

Дали третманот е болен?

Миофункционалните апарати користат многу понежен пристап отколку традиционалните апарати. Можно е првично да постои слаба болка, но таа се намалува по континуирано носење.

Колку долго трае третманот?

Должината зависи најмногу од тоа колку често и дисциплинирано се носи апаратот. Се препорачува носење 1 до 2 часа дневно и преку целата ноќ. Просечно траење на третманот е 18 месеци.

Како да се грижам за миофункционалниот апарат?

Апаратот треба да се чисти со неабразивна паста за заби секој ден. Никогаш не зборувајте и џвакајте со него бидејќи на тој начин се уништува материјалот од кој е изработен. Се препорачува да се чува во соодветна кутија и понастрана од миленичиња.

Повеќе
артикли