Цревниот микробиом е истражуван во повеќе наврати и е заклучено дека истиот е поврзан со развитокот на многу болести. Новите податоци зборуваат дека промени во балансот на бактериите во нашите црева може да влијаат на развој на повеќе болсти, меѓу кои и остеоартритисот. Остеоартритис и цревна дисбиоза делат заеднички ризик фактори како: стареење, пол, обезност и исхрана. Цревниот микробиом може да е променет од разни фактори, како немање физичка активност, лекови, пушење, стрес, патување, нездрава исхрана. За да се подобри балансот на цревниот микробиом, треба да се префрлиме на редовна физичка активност, здрава храна богата со витамини и минерали, пребиотици и пробиотици , редовно и здраво спиење. Стресот е докажан дел од развојот на состојби поврзани со висцерална болка. Хроничниот стрес може да го модифицира пренесувањето на болните сензации до мозокот, да делува на подвижноста и пропустливоста на цревата. Во поновите истражувања среќаваме и информации дека овој дисбаланс на цревните бактерии го променува и расположението и однесувањето кај испитаниците. Резултатите укажуваат на тоа дека микробиомот на цревата е критичен во појавувањето на воспаление на темпоромандубуларниот зглоб (зглобот кој ја поврзува долната вилица со черепот). Неговото корегирање во нормални вредности може да биде терапија за болката која е резултат на промените во зглобот. Безглутенската исхрана е предложена како терапија за решавање на овие проблеми и испитувањата за нејзината ефикасност се во тек.