info@drnina.mk+389 (0)70/344-061
датум
What is bruxism?

Бруксизам е стручен израз за прекумерно,  форсирано стискање и шкрипење на забите. И покрај тоа што бруксизмот  може да се случи во секое време од денот, сепак најголем број луѓе шкрипат додека спијат. Бруксизмот – шкрипењето и стискањето на забите е состојба која често е поврзана со емоционален стрес,  анксиозност, страв или замор при што стискањето на забите несвесно е проследено со силни движења на долната вилица лево-десно и напред-назад, при што доаѓа  до шкрипење и трошење на забите. Бруксизмот е честа појава која се поврзува кај возрасни и кај деца без разлика на полот.

Зошто бруксизмот може да претставува сериозен проблем?

Хроничното шкрипење со забите може да предизвика трајно отетување на забите, вклучувајќи пукање на забната глеѓ, излижани-изабени забни површини, расклатени заби, скршени заби или забни коронки, како и оштетување на потпорното ткиво околу забите и пореметување и болки во виличниот зглоб.  Доколку ништо не се превземе против оваа штетна навика  наречена бруксизам,  може да доведе и до многгу осетливи заби, болки во зглобовите, ушите и тапи главоболки. Сето тоа е резултат на зголемената мускулна сила на џвакалните мускули, кои заради прекумерното стискање и шкрипење на забите се преоптеретени.

Како да откриете дека шкрипите со забите?

Бидејќи шкрипење се јавува ноќе, повеќето пациенти не се свесни за овој проблем се додека партнерот не ги опомене или додека не почувствуваат некој од горенаведените симптоми.
Доколку се пососмневате дека и вие имате бруксизам, посетете го својот стоматолог за да ги санира настанатите и да ги спречи понатамошните оштетувања.

Совети и терапија

Избегнувајте храна и пијалоци кои содржат кофеин, чоколади, кафе и алкохол. Не џвакајте моливи и пенкала и редуцирајте ја употребата на гуми за џвакање.
Во зависност од возраста и степенот на оштетување ќе се преземат соодветни мерки.
Најчесто се препорачуваат миорелаксантни лекови, релаксациони вежби, ортодонтска терапија и најупотребувани се ноќните силиконски чувари, односно штитници за забите night-guard.

Повеќе
артикли