info@drnina.mk+389 (0)70/344-061
датум
Endodontic treatment (root canal treatment)

Ендодонцијата е гранка од стоматологијата која се занимава со лекување на нервот односно пулпата на забот.

Таа е наука која го опфаќа каналниот систем на коренот на забот.

Причините за воспалувањето на забната пулпа (нервот на забот) се различни. Најчеста причина се микроорганизмите, кои преку кариесот на емајлот и дентинот преминуваат во внатрешноста на забот, односно до нервот.

Освен поради микроорганизми, заболување на забната пулпа може да настане и од повреда (траума), хемиски фактори и инфекција од парадонтален џеб.

Основна цел на секој стоматолошки третман е да се зачува забот витален (жив), но доколку дошло до заболување на забната пулпа, неопходно е да се отстрани и тоа може да биде на два начини:

  • Парцијално, таканаречено ампутација или
  • Потполно отстранување, таканаречено екстрипација.

Во нашата ординација за лечење на коренските канали се употребуваат:

  • Рентген снимка на забот за да се провери дали има инфекција и да се добие јасна слика за коренските канали;
  • Локална анестезија за да се обезболи забот;
  • Кофердам, гума за да се добие суво работно поле;
  • Ендомотор, уред кои се користи за да се олесни ендодонтскиот процес и кој овозможува поголема брзина и прецизност при механичката обработка;
  • Апекс локатор, се користи за прецизно мерење на должината на коренските канали;
  • Ni-Ti инструмент, заострен и зашилен инструмент направен од легура на Nikel Titanium, за механичко обликување и подготвување на коренските канали;
  • Ласер, кој се користи за дезинфекција на каналите на коренот и побрза регенерација на заболеното ткиво.

Постапката на ендодонтското лекување обично бара две или повеќе посети, во зависност од самата инфекција.

https://www.instagram.com/tv/CF7O3jXpczS/?utm_medium=copy_link

Повеќе
артикли