info@drnina.mk+389 (0)70/344-061
датум
How to get a safe and confident kiss?

По повод Св. Валентин, Д-р Нина ве советува како до сигурен и самоуверен бакнеж. 
Бакнежот е средба најубава на свет, момент кој се споделува со партнерот и се памети по добро или? Како да се грижите за своите заби и својот здив при што секој бакнеж ќе биде убаво и пријатно доживување како за вас така и за вашиот партнер?

Постојат многу теории за важноста на бакнежот, но едно е сигурно дека бакнежот го подигнува расположението, влијае на намалувањето на стресот и главоболката, ја забрзува циркулацијата на крвта, го зголемува имунитетот и го зајакнува емајлот на забите.

Плунката е природен заштитен систем за забите, ги испира бактериите и храната од нив, го неутрализира влијанието на киселините, содржи калциумови и флуоридни јони и го одржува балансот во усната шуплина и на тој нацин ги чува забите од расипување (кариес).

За време на бакнувањето при размена на плунковата течност се разменуваат и бактериите помегу двајцата партнери, при што ако некој од нив има слаба хигиена на устата, расипан заб или уште полошо заб со гангрена, бакнежот како чин може и да биде прилично непријатен и одбивен, при што самодовербата на личноста може поприлично да се наруши и да предизвика ред други негативни појави кои настанале само поради што? – СТРАВ – стравот од стоматолошка интервенција, немарноста или мрзеливоста да се посети стоматолог.

Секојдневно во нашата ординација ги советуваме пациентите на следниве принципи:

– Најпрво да се исчистат забите од забен камен, да се извадат и поправат сите расипани заби;

– Да се четкаат забите најмалку 2 пати дневно наутро и навечер по 2 минути;

– Да се користи конец или интердентална четка помеѓу забите;

– Течност за плакнење на устата;

– Четката за заби да се менува на 2-3 месеци;

– Да не се внесуваат меѓу оброци (грицки, чоколатца, бонбони, долгометражно пијуцкање на кафе голтка по голтка или некој друг пијалок);

– Да се санира состојбата на забите помеѓу најблиските членови во семејството;

– Да се посетува стлматолог 2 пати во годината.

Затоа, не дозволувајте да се откажете од бакнувањето, одржувајте ја хигиената на вашата уста на највисоко ниво со тоа што нема да предизвикате одбивност, непријатност, несигурност или здравствен проблем на личноста која што ја сакате.

Повеќе
артикли