info@drnina.mk+389 (0)70/344-061

Дентална протетика

Губитокот на забите влијае негативно на самодовербата и психичката состојба на една личност. Со нивно соодветно надоместување се олеснува вашето секојдневно функционирање, се подобрува џвакањето, говорот и естетиката, а со тоа се враќа и насмевката на вашето лице.

Порцелански
коронки

Кога вашите заби ќе се оштетат и станат послaби како резултат на траума или кариес, порцеланските коронки можат да ги зацврстат и заштитат.  Оваа процедура е многу брза и едноставна. После консултација и преглед во нашата ординација, се земаат отпечатоци од вашите заби, кои се испраќаат во заботехничка лабораторија. Таму вашите коронки ќе бидат изработени за совршено да налегнуваат врз вашите заби. Веќе во втората посета ќе бидат готови вашите коронки. Целиот процес е брз и безбеден. По пореба се користи и локална анестезија за безболна работа.

Забни
мостови

Недостатокот на еден или повеќе заби во вашата уста влијае на функцијата на џвакање, естетиката на насмевката, како и на вашата самодоверба. Доколку имате недостаток на заби, ние ќе ја трансфоримираме вашата насмевка  со забни мостови. Забните мостови буквално го премостуваат просторот предизвикан од губиток на забите, со замена на порцелански заби со најприроден изглед, кои исто така се естетски и функционални како и вашите природни заби.

ffdd

Мобилни, тотални и парцијални
протези

Доколку дојдеме до заеднички заклучок дека за вас најидеално протетско решение се мобилните изработки, истите може да се направат за да ги надоместат сите заби или пак дел од забите. Во секој случај може да бидете сигурни дека од нашата ординација ќе излезете задоволни и со широка насмевка.