Д-р. Елеонора Попоска

Родена е во Прилеп, 1985 година. Средното образование го заврши во Прилеп, во СОУ ”Мирче Ацев”. Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје, 2010 година. Активно е вклучена во стоматолошката практика од 2011 год. Во текот на својата работа има посетувано бројни курсеви и симпозиуми , со цел подобрување на целокупното професионално знаење. Работи како доктор по општа стоматологија со посебен интерес кон оралната хирургија и пародонтологија.