Д-р Нина Митева

Дипломира на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, 2001 година. Ја основа приватната стоматолошка ординација “Д-р.Нина” во 2003 година.
Во 2013 година завршува специјализација и се стекнува со титулата Специјалист по ортодонција.

Учевствува на повеќе меѓународни семинари и курсеви од областа на стоматологијата и ортодонцијата во и надвор од земјава. Стручен престој и едукација во Шведска и Англија. Активно го познава и говори англискиот јазик.
Посебен интерес покажува во индивидуалниот мултидисциплирен пристап.

 Член е на Стоматолошката комора на РМ, Македонското стоматолошко друштво, Британската и Американската дентална асоцијација.

Нејзиното мото : “За повеќе насмевки”