Хирургија

Орална хирургија

За разлика од класичната хирургија, орална хирургија не бара престој во болница. Всушност, многу процедури кои се изведуваат во нашата стоматолошка ординација, вклучувајќи ги екстракциите на заби, екстракцијата на умникот и френулектомијата се сметаат за интервенции од областа на орална хирургија, и тие вклучуваат апликација на локален анестетик и одредени медикаменти за контрола на болка.

Екстракција на заби


Иако трајните заби се дентиција која од самото појавување треба да перзистира во устата во текот на целиот живот, кај повеќето од нас се појавува потреба за екстракција на одредени заби поради низа причини. Дел од тие фактори кои условуваат екстракција се: траума, кариозни процеси кои ги деструирале забните ткива или инфекција, или пак при тескоба (недостаток на простор во устата за сите заби). Без оглед на тоа зошто треба еден заб да биде екстрахиран, оваа интервенција не дава причина за страв и загриженост. Веднаш по самото вадење на забот, во нашата ординација ќе добиете низа предлози за естетско и функционално надоместување на изгубениот  заб.

Екстракција на умник

Екстракцијата на умникот е една од најчестите причини за вадење на заб во периодот на адолестценцијата и кај младите луѓе. Бидејќи умниците се последните трајни заби кои никнат во забната низа, често нема доволно простор за нивно сместување во вилицата. Не ретко тие имаат неправилен правец на никнење и можат да предизвикаат оштетување на забите, проследено со болка. 

Во стоматолошката клиника д-р Нина  со помош на рентген снимки може да се утврди, ако вие или вашите деца имате потреба од екстракција на умникот, пред тој да предизвика болка или штета во оралниот систем.

Френектомија

Што претставува френектомијата и зошто можеби ви е потребна?

       

 

Што е френектомија?

 

Френектомија е едноставно отстранување на френулумите во устата. Френулумот претставува мускулно прикачување помеѓу две ткива. Постојат два френулума во устата, кои понекогаш може да ја попречуваат нормалната функција и кај нив се препорачува оваа интервенција. Овие френулуми се нарекуваат: јазичен френулум, кој го поврзува јазик со подот на усната празнина и максиларниот лабијален френулум, кој ги поврзува внатрешноста на горната усна со непцето веднаш над горните централни инцизиви.

 

 

Максиларен лабијален френулум и френектомија

Максиларниот лабијален френулум се припојува на горната усна и непцата над горните два предни заба. Ако го движите јазикот нагоре во просторот помеѓу горната усна и забите, ќе ја почувствувате оваа тенка лента од мускули.

Силно изразен максиларен лабијален френулум

Силно изразениот максиларен лабијален френулум може да предизвика голем јаз помеѓу горните два предни заба, односно дијастема. Ова може да претставува проблем за родителите. Итно лекување не е потребно, освен во случаите кога френулумот предизвикува болка на горната усна и непцата. Третманот треба да биде одложен се додека горните трајни заби комплетно не изникнат. Многу пати, во периодот на замена на млечните заби со трајни заби природно се затвори јазот меѓу предните заби. Ако јазот спонтано не се затвори, тогаш тоа може да се третира со ортодонтски протези. Ако забите почнуваат повторно да се оддалечуваат и по ортодонтскиот третман со протези, во тој случај се практикува френектомијата како тераписко решение.