Протетика

Порцелански коронки

Кога вашите заби ќе се оштетат и станат послaби како резултат на траума или кариес, порцеланските коронки можат да ги зацврстат и заштитат.  Оваа процедура е многу брза и едноставна. После консултација и преглед во нашата ординација, се земаат отпечатоци од вашите заби, кои се испраќаат во заботехничка лабораторија. Таму вашите коронки ќе бидат изработени за совршено да налегнуваат врз вашите заби. Веќе во втората посета ќе бидат готови вашите коронки. Целиот процес е брз и безбеден. По пореба се користи и локална анестезија за безболна работа.

Предности на порцеланските коронки

Порцеланските коронки имаат многу предности. Покрај тоа што ќе ве ослободат од болка и непријатното чувство што го даваат расипаните,скршени и оштетени заби, влијаат и на естетиката на вашата насмевка. Исто така влијаат и на непречено одвивање на функциите на џвакање и одгризување на храната.

 

Забни мостови

  Недостатокот на еден или повеќе заби во вашата уста влијае на функцијата на џвакање, естетиката на насмевката, како и на вашата самодоверба. Доколку имате недостаток на заби, ние ќе ја трансфоримираме вашата насмевка  со забни мостови. Забните мостови буквално го премостуваат просторот предизвикан од губиток на забите, со замена на порцелански заби со најприроден изглед, кои исто така се естетски и функционални како и вашите природни заби.

Што всушност претставуваат забните мостови?

Забните мостови се забни изработки кој се состојат од забни коронки кој се прикачени од двете страни на вашите природни заби – носачи. Предноста на  забните мостови се што се фиксни помагала, чувството е како да имате природни заби во устата. Долготрајни се и со соодветна хигиена и одржување траат повеќе години.

 Пред да започнеме со третман, во нашата ординација ќе направиме преглед на вашите заби за да бидеме сигурни дека забните мостови се правиот избор за вашите потреби. Потоа, забите носачи на мостот се препарираат за да може на нив да се стават коронките, се земаат отпечатоци и веќе во втората-третата посета вие ќе имате совршена насмевка.

Предности на забните мостови

Забните мостови имаат многу предности, покрај естетиката влијаат и на функциите на џвакање на храната. Исто така се корегира и говорот на одредени гласови, настанат како резултат на губење на одредени заби. Последно, но не и помалку важно - забните мостови спречуваат околните заби да се поместуваат од своето место, во правец на празниот простор.

 

 

Забни протези

            Губитокот на сите или речиси сите заби во устата може негативно да влијае на самодовербата и психичката состојба на една личност. Во нашата стоматолошка ординација ќе ви помогнеме да ја вратите вашата самодоверба и убавината на вашата насмевка.

Што се всушност забни протези?

Забните протези се вештачки забни помагала кои се иработуваат индивиуално за секој пациент и имаат функција да ги надоместат изгубените заби. Во зависност од потребите на пациентот, тие можат да бидат целосни- тотални и делумни- парцијални протези.  Тоталните протези ги надоместуваат сите заби во вилицата, додека пак парцијалните протези ги надоместуваат изгубените заби и се прикачуваат на преостанатите заби во устата со помош на посебни елементи. Во нашата ординација користиме само материјали со најдобар квалитет, кои ќе ви пружат најудобни протези со врвна естетика.

Времето потребно за изработка на вашите протези зависи од видот на изработката. После направениот преглед во нашата стоматолошка ординација, се започнува со земање на отпечатоци и по неколку посети вашите протези ќе бидат готови. Тие совршено налегнуваат на гингивата и се подвижни за одржување и заштита на здравјето на вашата гингива.

 

 

Придобивки од протезите

            Одкако целата процедура е готова, пациентите се здобиваат со нови функционални протези кои се индивидуално направени да изгледаат природно во однос на целокупниот изглед на пациентот, налегнуваат интимно на гингивата, но сепак најважно од се  - ја надоместуваат функцијата на џвакање. Повторно же бидете во можност да одгризувате, џвакате и зборувате без проблем со вашите нови протези. Пропаднатите образи и усни кои настануваат како резултат на екстендивно губење на забите ќе се корегираат, давајќи на вашето лице помлад и здрав изглед.