Пломбирање и лекување на заби

Композитни и Нанокомпозитни пломби

  За да се зачува естетиката и функционалноста на оштетениот заб, во нашата стоматолошка ординација користиме најнови и најквалитетни пломби во боја на забот.  За разлика од амалгамските (метални) пломби, белите пломби совршено се вклопуваат со природната боја на забот и се незабележливи. 

Секојдневна грижа за вашите заби

            Најдобриот начин да се зачува вашето орално здравје е редовно одржување на хигиената на вашите заби, што подразбира редовно четкање на забите најмалку два пати дневно со паста за забии и чистење на забите со забен конец. Сепак, колку и да одржуваме орална хигиена, понекогаш и покрај се , може да се јават проблеми со забите и гингивата. Затоа од големо значење се редовните посети и контроли на стоматолог, како и рутинското чистење на забен камен и полирање на забите два пати во годината, со што ние ќе се погрижиме да ја одржиме вашата насмевка здрава и блескава.

Ендодонтски третман – лекување на коренот на забот

   Ендодонтски третман на забот подразбира лекување на коренот на забот. Оваа постапка е неопходна кога забната пулпа, позната како нервот на забот, е зафатена со инфекција. Овој третман е неопходен за да се зачува забот и да се спречи ширењето на инфекцијата, која што може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Знаци и симптоми на инфекција

Инфекцијата на забната пулпа може да биде предизвикана од повеќе причини. Најчеста причина се нелекуваниот забен кариес и фрактура на забот. Инфицираната забна пулпа може да предизвика болка, оток, зголемена осетливот на топло и ладно и болка при џвакање.

Ако имате некои од наведените симптоми, задолжителен преглед е неопходен. Во некои случаи може да отсуствуваат симптомите, а инфекција сепак да постои. Затоа, редовни контроли на стоматолог се неопходни за да се детектира инфекцијата на време и да се спречат понатамошни компликации.