Парадонтологија

Пародонтални болести

 

            Пародонталната болест (пародонтопатија) зафаќа милиони луѓе, дури и оние кои редовно одржуваат орална хигиена. Ова претставува прогресивна болест која нема лек, и како што напредува болеста може да доведе до одредени проблеми, како што е крварење од гингивата непријатен здив, луксирање и губење на заби. Но, со употреба на специјални инструменти, апарати и локални медикаменти, оваа болест може да се стопира и да се одржува во еден стадиум на мирување.

Како да знам дека имам пародонтална болест?

            Некои пациенти може да бидат без никакви симптоми на пародонална болест, се додека не се појави видливо оштетување, повлекување на гингивата и оштетување на алвеоларната коска. Затоа, редовни контроли на стоматолог се неопходни.

Речиси секоја пародонална болест започнува со воспаление на гингивата – гингивит. Знаци за гингивална болест се црвена, отечена и гингива која крвари.

Како што напредува пародонтопатијата, се појавуваат и други симптоми, како што се: расклатени заби, повлекување на гингиваа, осетливост, губење на алвеоларна коска, што резултира со губење на заби.

Терапија

Во ПЗУ “Др.Нина”, наша цел е пациентите да добијат помалку болен и ефективен третман. Во зависност од стадиумот на болеста,терапијата е различна.

  • Чистење на забен камен
  • Обработка на пародонтални џебови

Целта на овие методи е да се исчистат пародонталните џебови, да се отстрани забниот камен и забниот плак, со што забните површини ќе бидат мазни и ќе се намали понатамошно наталожување на забен плак и забен камен.