Панорамско снимање на заби

  Што претставува панорамското снимање на заби?

Панорамско снимање на заби (панорама на заби) е дводимензионално смимање на целата усна празнина со само една снимка. На панорамската снимка се опфатени сите заби, горната и долната вилица, темпоро-мандибуларниот зглоб, како и околните ткива и структури.

Панорамското снимање на заби се користи за дијагностика на:

  • кариес помеѓу два заби, како и секундарен кариес - под постоечки пломби
  • пародонтална болест и коскени џебови
  • соодносот на одредени заби со максиларниот синус
  • импактирани заби (заби заглавени во вилицата, најчесто умници)
  • поставеноста на младите трајни заби во вилиците
  • бројот на корени и коренски канали, нивната поставеност
  • цисти во оралната регија, периапикални процеси  итн.

Панорамските снимки се неинвазивни медицински дијагностички методи, со чија помош прецизно  се поставува одредена дијагноза. Панорамското снимање на заби претставува еден од најстарите и најкористените методи за дијагноза на орални болести.

Кога треба да се направи панорамска снимка?

Се препорачува контролни рентген панорамски  снимки да се прават на секои 2-3 години, за навреме да се детектира секоја почетна промена во вашата уста. Раната дијагностика заштедува многу непријатности, болка, време и пари.

Колкаво е зрачењето при панорамско снимање на заби?

Зрачењето при панорамско снимање на заби е многу мало во споредба со секојдневното зрачење на кое сме изложени без наш избор - зрачење од земјата, сонцето, радиоакивни елементи од природата итн.

Вкупното зрачење од една панорамска снимка е помало од зрачењето од природата што го примаме во текот на еден ден.

Зрачењето при панорамско снимање на заби е минимално и е прилагодливо според возраста на пациентот,поради што е безбедно и за деца.

Колку време трае панорамското снимање на заби?

Панорамското снимање на заби трае помалку од 1 минута  и  снимката ја добивате веднаш. Не е потребно претходно закажување.

Контраиндикации

Панорамското снимање на заби е контраиндицирано кај бремени жени. Ве молиме да не контактирате доколку сте бремени. Фетусот е почувствителен на рентген зрачење.