Естетска стоматологија

Што е естетска стоматологија?

 

Стоматологија во денешно време не опфаќа само пломбирање и вадење на забите, како што било за многу години. Денес многу луѓе се повеќе се заинтересирани за естетската стоматологија, како начин за подобрување на нивниот изглед.  Овие третмани опфаќаат исправување, избелување, преструктуирање и поправка заби. Козметички третмани вклучуваат фасети (ламинати),  коронки, мостови, естетски пломби и избелување на забите.

 

Што се фасети (ламинати)?

Фасетите, односно ламинатите се тенки парчиња порцелан. Тие се прецизно изработени и како тенка лушпа ја покриваат површината на забот.

Порцелански фасети се користат:

- за да се прекријат површините на пребоени заби кој не можат да се избелат
- за корекција на формата и/или должината на забите, кај пациенти кои не се задоволни од изгледот на своите заби;
- за подобрување на изгледот на оштетeни заби (од кариес) или скршени заби (траума).

 

Бели - естетски пломби

Повеќе од 150 години за пломбирање се користел сребрено-сив материјал наречен “амалгам”. Амалгамските пломби се сметале за едни од најцврстите материјали за пломбирање со најголема трајност.  Но, со текот на времето на многу луѓе им сметала различната -сива боја, како и фактот што претставуваат потенцијален ризик за здравјето.

Белите микро-хибридни и нано-хибридни композитни материјали се популарна и идеална замена за старите амалгамски пломби. Овие нови материјали  со својот избор на бои свршено се вклопуваат во секоја боја на заби. Во многу случаи е невозможно да се забележи дека забот има пломба.

 

Мојот заб е скршен, што да правам?

Доколку забот е скршен, или поголем дел од забот е пломбиран, се репорачува да се направи коронка на забот, која како навлака налегнува врз вашиот природен заб, со што се враќа функцијата на оштетениот заб, како  и естетиката.

Дали можам да ги избелам моите заби?

Избелувањето на забите е многу ефикасно доколку сакате да ја осветлите природната боја на вашите заби. Во зависност од вашата желба, забите може да се избелат за една или повеќе нијанси.