Ласери во стоматологијата

Ласерите во стоматологијата денес успешно се користат за обработка на пародонтални џебови, лекување на афти и улцерации на слузницата, херпеси, френектомија (поместување на ресичката на горната усна или јазикот) , гингивектомија (спуштени непца) , избелување на забите, третман на инфицирани коренски канали, инфекција на рана после вадење на заб и многу други интервенции.

Употребата на ласер во стоматологијата е безбедна и безболна процедура, при што пациентите имаат максимален комфорт. Поради неговата лесна и безболна примена, индициран е за употреба во секоја возрасна група.

Покрај ултразвучното чистење и обработка на пародонтални џебови, во нашата ординација се користат и два типа на ласери, со кои третманот на пародопатија е многу поефикасен.

Третманот е целосно безболен и нема потреба од анестезија. Ласерскиот зрак ги стимулира воспалените ткива за подобро заздравување, но и делува антибактериски, што е и целта на овој третман на воспалени и инфицирани непца.