+389(0)2/2430-188 | +389(0)70/344-061

Гингивитот е состоба на воспаление на непцата и и претходи на болеста на непцата- пародонтопатија. Сепак, важно е да се знае дека не сите гингивити напредуваат во периодонтопатија.

            Во раната фаза на гингивитот, се создаваат бактерии на забниот плак кој е акумулиран на забите, предизвикувајќи непцата да се воспалат и лесно да крварат за време на миењето на забите. Во оваа фаза, иако непцата може да бидат иритирани, забите сè уште се цврсто поставени во коската. Нема неповратно оштетување на коската или меките ткива во оваа фаза.

            Доколку гингивитот не се третира навремено, тој може да напредува во пародонтопатија. При состоби на пародонтопатија, внатрешниот слој на непцата и коската се повлекуваат од забите и се формираат џебови. Овие мали простори помеѓу забите и непцата собираат остатоци од храна, во нив се множат патогени бактерии и се појавува инфекција. Имунолошкиот систем на телото се бори против бактериите, додека воспалението се шири долж непцата.

            Како што напредува болеста, џебовите се продлабочуваат и се повеќе се уништуваат меките и цврстите ткива околу забите. Со текот на времето, врската помеѓу забот, непцето и коската е се полабава и истата доведува до расклатување на забите. Токму затоа, пародонтопатијата е  водечка причина за губење на забите кај возрасните пациенти.

            Советуваме, редовно да го посетувате својот стоматолог, за да може навремено да се детектира секоја промена на забите и непцата и истата благовремено да се третира и спречи нејзиниот прогрес.