+389(0)2/2430-188 | +389(0)70/344-061

Дали сакате да ги мотивирате децата да ги четкаат своите заби секоја вечер пред да одат во кревет? Охрабрете ги своите деца да внесат здрава навика, преку поврзување на вечерната хигиена на устата- со читање книги пред спиење и тоа најмалку три недели во континуитет.

Наместо да се употребува стариот метод на мотивација- преку давање на децата нови четки за заби или блага паста за заби, новата метода се базира на науката на однесувањето, се со цел  да им помогне на родителите да создадат вечерна рутина која комбинира четкање, читање приказна и спиење. Целта е да се врши истата рутината 21 ден, па потоа таа преминува во навика.

Поголемиот дел од децата не ги четкаат забите редовно

Една понова студија покажа дека наголемиот дел од децата го изоставаат четкањето пред спиење. Испитувањата докажаа дека околу 40% од децата во Гана, 35% од децата во Египет и околу 20% од  децата низ Франција, Виетнам и Индонезија одат во кревет без да ги исчеткаат забите. Според наодите, многу родители дури ги наградуваат своите деца преку дозволувањето да го прескокнат вечерното четкање на забите, иако и самите се свесни за ризикот од кариес кај истите.

Промена во однесувањето

Научниците советуваат на децата да им се читаат книги за јунаци кои ги четкаат своите заби, кои се грижат за своето здравје и слични теми кои би ги мотивирале децата. Воедно да ја распределат содржината за 21 последователен ден. Исто така, се препорачува родителите да им исцртаат или испечатат календар за трите недели, во кој децата сами ќе испишуваат, дали и во кое времетраење ги четкале своите заби.

Се смета дека после завршувањето на програмата од 3 недели децата веќе го прифаќаат четкањето како своја секодневна навика која ќе трае засекогаш.

Секако ова е само запознавање на децата со оралната хигиена. Подоцна знаењето се проширува преку редовните стоматолошки контроли, каде децата полека ќе го усовршат своето четкање и го прошират со употреба на забен конец и водички за плакнање.