+389(0)2/2430-188 | +389(0)70/344-061

Најголем дел од луѓето сметаат дека најсоодветно време за носење ортодонтски протези е периодот на адолесценцијата. Сепак, ортодонтите препорачуваат прегледот да се спроведе пред седмата година од животот.

Зошто Вашето дете треба да биде донесено на ортодонтски преглед пред седмата година?

•Ортодонтот може да забележи и најмал проблем во растот на вилиците, уште во периодот на млечните заби.

•Иако забите на Вашето дете Ви се чинат правилно поставени, може да постои проблем кој само ортодонт може да го увиди.

•При прегледот може да се востанови проблем кој може да се развие во иднина. Во тој случај се советуваат редовни контроли, со цел да се мониторира растот и развојот на вилиците и забите. Според тоа се одредува кога да се започне со третман. Сепак, некои состојби не дозволуваат одложување и бараат итен третман.

•Раниот третман може да превенира сериозни понатамошни проблеми.

•Во одредени случаи, неопходен е третман во периодот на раст и развој, бидејќи во спротивно аномалијата не би можела да биде корегирана во иднина.

●Навремениот ортодонтски преглед овозможува:

•усмерување на растот на вилиците во правилна насока;

•намален ризик од појава на предните заби издадени кон напред;

•корекција на штетните орални навики;

•подобрен изглед;

•позиционирање на трајните заби во посакуваната положба;

•корекција на положбата на усните.

Со раната ортодонтска евалуација му давате шанса на своето дете да има здрава и убава насмевка.

Секој преглед е индивидуален според потребите и очекувањата на пациентот. Сепак, за да третманот даде најдобар резултат потребно е да се детектира проблемот во соодветно време.